/  News   /  Модни приказни

Модни приказни

Во услови на недостаток на стручна литература по моден дизајн на македонски јазик ниту понов медиум кој би информирал, едуцирал и би ја доближил модата до сите, модните дизајнери и едукатори Ирина Тошева и Никола Ефтимов, го започнаа проектот „Модни приказни“.

Едукативните авторски текстови и кратките фасцинантни модни факти се интерпретирани од тимот на Самоглас, првата платформа за аудио книги кај нас. Првите приказни веќе се достапни за слушање на Спотифај и веб сајтот на дизајнерката, а секој понеделник ќе бидат додавани нови.

„За време на карантинот (март-јуни 2020) и слободното време пред себе започнав мал проект на социјалните мрежи, споделувајќи интересни модни факти под името #learnsomethingneweveryday (учи нешто ново секој ден). Реакциите беа одлични, имаше многу позитивни коментари и доза на изненадување како всушност сѐ е поврзано. Меѓу нив често имаше и луѓе кои никогаш не би ги сметала за модни вљубеници. Целиот овој процес ме поттикна да започнам и поголемо истражување, разговарам со неколку колеги и еминентни професори и дизајнери во нашата земја и заклучам дека не постои соодветна модна литература во земјава, ниту понов медиум кој би информирал, едуцирал и би ја доближил модата до сите. Така се роди идејата за проектот „Модни приказни“. “- изјави Тошева.

 „Како академско поле на студирање, модниот дизајн се базира на знаења од различни дисциплини, како историјата на костимите и историјата на модата, дизајнерската методологија, илустрацијата, техниките на изведба и технологијата на производство, бизнис аспектот на модата итн, кои понатаму имаат своја апликација во праксата. Серијата стручни текстови, создадени според потесните дисциплини на интерес, се осмислени како воведни предавања и обид за осветлување на одредени феномени, кои и понатаму се релевантни за модното современие.“- изјави Ефтимов.

Модата е многу повеќе од убаво и стилско парче облека. Сите геополитички, економски и социјални проблеми низ историјата, јасно се покажале и низ модна призма. Модата претставува вибрантна форма на визуелната и материјална култура кои имаат огромна улога во општествениот живот.

Идејата е „Модни приказни“ да прерасне во платформа каде што секој моден истражувач, едукатор и дизајнер ќе може да го сподели своето знаење преку авторски текст, а и отворена е и за слушателите сами да предложуваат теми и прашуваат.

Проектот е дел од поддржаните проекти од Национален интерес за 2021 година од Министерство за култура.

Shop with style! Find your favorite
item at the best price and discover great
offers every single day.

contact us

+389 77 515 352
Kej 13ti Noemvri 20/21,
1000 Skopje

You don't have permission to register

Select your currency
EUR Euro