Креативна работилница на МТФ „Војдан Чернодрински“
Учениците и наставниците ги здружија силите и за 2.5 часа изработија одлични визуелни решенија за „Јане Задрогаз“ од авторот во фокус, Горан Стефановски. Работилницата беше под креативно водство на Ирина Тошева како костимографка и Мартин Манев како сценограф.
Ова е втора година соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“ и не би можеле да бидеме повеќе благодарни за можноста да инспирираме и да се инспирираме!