ФУСТАНИ СО ЏЕБОВИ 2.0
Финансиската независност е слобода.
Од системски нееднаквости до родови стереотипи, жените често заработуваат и штедат помалку, соочувајќи се и со бариери во можностите за инвестирање.
Како дел од кампањата „Фустани со џебови 2.0“ на Халкбанк АД Скопје создадовме фустан-кошула кој без напор ги комбинира стилот и удобноста, совршен за секојдневно носење. Достапен во два дезени, изберете помеѓу комбинација од сино-сиво-тегет, што предизвикува чувство на смирена софистицираност или одлучете се за топлината на комбинацијата жолто-маслиново-кафена, која зрачи со живост и елеганција.
Сите собрани средства ќе бидат донирани во Женскиот интервентен фонд.
фотографии: Ани Дими