Меморандум за соработка со ЈП “Лајка”

ЈП Лајка и македонската модна дизајнерка и огромен љубител на животни, Ирина Тошева потпишаа меморандум за заедничка соработка.

Во текот на следните месеци во соработка со Тошева ќе се организираат неколку активности, меѓу кои и моден настан на уникатни парчиња облека и додатоци за миленици изработени од текстилни остатоци и рачни доработки, со што ќе се означи официјалниот почеток на првиот моден бренд за миленици кај нас, насловен како „Mини Ирина Тошева“.

Во промотивните активности, модели ќе бидат кучињата од прифатилиштето на ЈП Лајка кои ќе ги носат парчињата облека на Ирина. Модните парчиња за миленици ќе бидат достапни за продажба онлајн и во локални пет шопови, а дел од средствата ќе бидат наменети за кучињата во “Лајка”. Планирани се и едукативно-креативни работилници на кои граѓаните и љубителите на кучиња ќе може да земат учество.

Select your currency
EUR Euro

You don't have permission to register

X