Со кол­ку но­ви пар­чи­ња се под­но­ви­вте за след­на­ва се­зо­на?


Текстот беше објавен во 33. број на „Лице в лице“


Без об­ле­ка­та сме го­ли. Во бу­квал­на смис­ла, но и гле­да­но низ ме­та­фо­рич­на приз­ма. Таа е су­штес­тве­на по­тре­ба и ин­те­гра­лен дел од иден­ти­те­тот на се­ко­ја ин­ди­ви­дуа. Од дру­га стра­на, зад неа стои огром­на ин­ду­стри­ја, ко­ја е вто­ри­от по го­ле­ми­на свет­ски за­га­ду­вач.
Не­кои лу­ѓе се за­ла­га­ат за ор­ган­ски па­мук и одрж­ли­ва
мо­да, дру­ги кри­ти­ку­ва­ат кол­ку овие пар­чи­ња се ска­пи, не­кои се за­ла­га­ат са­мо за вин­тиџ гар­де­ро­ба. Но, не тре­ба ли да се под­др­жат и ди­зај­не­ри­те во нив­ни­те на­по­ри да би­дат еко­ло­шки?

Мо­ќта е кај по­тро­шу­ва­чи­те

Тех­но­ло­ги­ја­та за производство на об­ле­ка не е дра­стич­но про­ме­не­та и мо­дер­ни­зи­ра­на во пос­лед­ни­ве 50 го­ди­ни. Зо­што? За­тоа што тру­дот (експ­ло­а­та­ци­ја­та) е сè уште по­е­втин од ино­ва­ци­ја­та. При соз­да­ва­ње­то на ед­на обич­на ма­и­ца таа мо­ра да по­ми­не низ „не­кол­ку ра­це“. Па­му­кот од по­ле­то е нај­че­сто по­се­ан, одг­ле­ду­ван и набран од чо­век. По­тоа, ко­не­цот е из­ми­ен, обо­ен, вр­тен на пре­ди­во и тка­ен (нај­че­сто, од ма­ши­на, но, се­пак, упра­ву­ва­на) од чо­век. Кро­е­ње­то и ши­е­ње­то е на­пра­ве­но од чо­веч­ка ра­ка. Па­ку­ва­ње­то и транс­пор­тот, по­ста­ву­ва­ње­то на за­ка­чал­ка е од не­кол­ку лу­ѓе. По­мис­ле­те на це­ли­от овој син­џир од лу­ѓе. Пра­шај­те се за кол­ка­ва су­ма ра­бо­те­ле си­те тие, ако вие се­га в ра­це ja др­жи­те таа ма­и­ца и раз­мис­лу­ва­те да­ли да ја ку­пи­те за 300 де­на­ри.

По­тро­шу­ва­чи­те има­ат моќ да ја про­ме­нат мод­на­та ин­ду­стри­ја, но по­ве­ќе­то не раз­мис­лу­ва­ат за тоа. Поз­нат е изра­зот „тие што ку­пу­ва­ат не се гри­жат, а тие што се гри­жат не ку­пу­ва­ат“. Бој­ко­ти­ра­ње­то на мод­ни­те мар­ки не по­ма­га да се ре­ши проб­ле­мот. Пра­те­те им по­ра­ка, пи­ше­те на „Тви­тер“, упа­те­те им ко­мен­тар на „Ин­ста­грам“, ка­же­те им што тре­ба да про­ме­нат.
Да се би­де одрж­лив мо­ден по­тро­шу­вач е мно­гу по­лес­но откол­ку што мис­ли­те.

Ка­ко да знам што да ку­пам?

Не по­стои уни­вер­за­лен мо­ден си­стем за оз­на­чу­ва­ње и не­ма на­чин да се спо­ре­дат мар­ки­те ед­на со дру­га, без се­оп­фа­тен сер­ти­фи­кат и ре­чи­си ни­ка­ква транс­па­рент­ност. Одре­де­на мар­ка мо­же да има сер­ти­фи­кат за це­ла­та мар­ка (Fair Wear) или за одре­де­ни про­ду­кти (GOTS). Но, за ма­ли­те мар­ки, кои ра­бо­тат одрж­ли­во, овие сер­ти­фи­ка­ти се нај­че­сто пре­ска­пи.

Не по­стои со­вр­ше­но одрж­ли­ва мод­на мар­ка!

На веб-стра­ни­ца­та rankabrand.org или ап­ли­ка­ци­ја­та „Good on You мо­же да ги ви­ди­те мар­ки­те што вло­жу­ва­ат на­по­ри да ја по­до­брат сво­ја­та одрж­ли­вост. На сво­јот пре­ли­сту­вач мо­же­те да ја до­да­де­те и ап­ли­ка­ци­ја­та „Done Good“, ко­ја ќе ви че­сти­та за из­бо­рот до­де­ка ку­пу­ва­те пре­ку ин­тер­нет или да ве на­со­чи кон одрж­ли­ви и етич­ки ал­тер­на­ти­ви, па и да ве по­вр­зе со мар­ка­та за да им пи­ше­те по­ра­ка.
Трен­дот на одрж­ли­ва мо­да е во ек. Мод­ни­те мар­ки се прик­лу­чу­ва­ат кон гло­бал­ни­те ги­ган­ти да ги усво­јат зе­ле­ни­те ини­ци­ја­ти­ви за до­бро­то на жи­вот­на­та сре­ди­на. „Гри­ни­пис“ ус­пеш­но ги убе­ду­ва мар­ки­те да ги от­стра­нат то­ксич­ни­те хе­ми­ка­лии,
Canopy ги за­чу­ву­ва за­гро­зе­ни­те дож­дов­ни шу­ми од ак­ци­и­те за до­би­ва­ње ви­скоз­на тка­е­ни­на, а NRDC се оби­ду­ва да ги ис­чи­сти син­џи­ри­те на снаб­ду­ва­ње.

ЕКОМАРКЕТИНГ

До­де­ка па­за­ру­ва­те се срет­ну­ва­те со нај­раз­лич­ни збо­ро­ви што има­ат раз­лич­ни имп­ли­ка­ции. Си­те тие, освен фер тр­го­ви­ја (fair trade) не­ма­ат прав­на де­фи­ни­ци­ја, па мар­ки­те ги ко­ри­стат и за мар­ке­тинг. Еве ма­ло до­об­јас­ну­ва­ње:

ЕТИЧКИ (ethical)

Оз­на­ка­та етич­ки се ко­ри­сти до­кол­ку не се по­вре­де­ни жи­вот­ни при соз­да­ва­ње­то на про­из­во­дот или ра­бот­ни­ци­те се тре­ти­ра­ни со по­чит, фер пла­та и без­бед­ни ра­бот­ни ус­ло­ви.

ФЕР ТРГОВИЈА (FAIR TRADE)

Биз­нис со „по­твр­да“ за пра­вич­но тр­гу­ва­ње.

ВЕГАН (vegan)

Мар­ка­та не ко­ри­сти ма­те­ри­ја­ли од жи­во­тин­ско по­тек­ло, но нај­че­сто ко­ри­сти ве­штач­ки, „пла­стич­ни“ ал­тер­на­ти­ви.

ЗЕЛЕНА (green)

Зе­лен биз­нис е општ тер­мин што го ко­ри­стат ком­па­ни­и­те за да имп­ли­ци­ра­ат одрж­ли­вост, но тоа е без га­ран­ци­ја де­ка ком­па­ни­ја­та ја сле­ди до­бра­та пра­кти­ка.

ОДРЖЛИВ (sustainable)

Одрж­лив опи­шу­ва си­стем што не ѝ ште­ти на жи­вот­на­та сре­ди­на. Ком­па­ни­ја­та мо­же да ко­ри­сти об­нов­ли­ви или ре­цик­ли­ра­ни ма­те­ри­ја­ли, бои што не ште­тат на око­ли­на­та.

Ед­на тре­ти­на од ра­бо­тос­по­соб­но­то на­се­ле­ние ра­бо­ти во 500 тек­стил­ни ком­па­нии во зем­ја­ва!

Тек­стил­на­та ин­ду­стри­ја во Ма­ке­до­ни­ја е ин­ду­стри­ски се­ктор со дол­га тра­ди­ци­ја и искус­тво. 27 про­цен­ти од це­ло­то ра­бо­тос­по­соб­но на­се­ле­ние во зем­ја­ва ра­бо­ти во 500 тек­стил­ни ком­па­нии. Од про­из­водс­тво­то на об­ле­ка во Ма­ке­до­ни­ја, око­лу 16.600 то­ни го­диш­но е тек­сти­лен от­пад, што прет­ста­ву­ва око­лу три про­цен­ти од цвр­сти­от от­пад до зем­ја­та. По­го­ле­ми­от дел од не­го се со­го­ру­ва на де­по­ни­и­те со што се пре­диз­ви­ку­ва за­га­ду­ва­ње на жи­вот­на­та сре­ди­на.*

За­тоа, би­ди (са­мо)све­сен!

Пог­лед­не­те што се крие во зад­ни­на­та на из­ло­зи­те и на ка­та­ло­зи­те на оми­ле­ни­те мод­ни мар­ки. Про­ши­ре­те ги ви­ди­ци­те и на­у­че­те не­што по­ве­ќе за лу­ѓе­то што ги соз­да­ва­ат ва­ши­те пар­чи­ња об­ле­ка. Про­нај­де­те зна­че­ње во тоа што го но­си­те. Ова не по­драз­би­ра гу­бе­ње на тр­ка­та или жр­тву­ва­ње на ва­ши­от мо­ден стил. Тоа е осво­ју­ва­ње на фи­ло­зо­фи­ја што ќе ве пре­тво­ри во со­ве­сен гра­ѓа­нин.Чо­век што ја це­ни об­ле­ка­та и па­мет­но ин­ве­сти­ра во дол­го­трај­ни пар­чи­ња под­др­жу­вај­ќи ги ди­зај­не­ри­те на кои ети­ка­та и транс­па­рент­но­ста им се во ја­дро­то. Не­ка тие ве инс­пи­ри­ра­ат, охра­бру­ва­ат и мо­ти­ви­ра­ат.

*податоци од Државен завод за статистика, 2011та година.