Објавен е моден едиторијал за новата колекција „Риза “ пролет/лето ’16 на македонска модна дизајнерка Ирина Тошева,

Во новата колекција пролет/лето ’16, Ирина Тошева нуди ново читање на ризницата на национални ракотворби. На колекцијата е работено цели 6 месеци во соработка со архитектот Никола Кунгуловски. Во овој период, највпечатливите и најкомплексни македонски везови од минатите столетија се сведоа на едноставен геометриски код кој е заеднички за нив. На тој начин колекцијата претставува модерен превод на традицијата и нејзиниот дезен претставува есенција на нашиот вез. За оваа намена користени се најновите технологии за тродимензионално печатење со што се прави вистински превод на совршените, но и груби текстури од историјата на нашата мода.

На едиторијалот се работеше со докажаниот тим, фотографот Миладин Паповиќ, шминкерот Виктор Мирчевски, фризерското студио Allure и графичкиот дизајнер Кристина Манчева. Модели се Рене Врајт и Ана Станојковска од модната агенција Подиум и Елена Анѓеловска од модно студио Црнокрак. Дизајнерските столици од Think и чевлите од Chantel одлично ја надополнија целата приказна.
„Чистината на модниот едиторијал го отсликува целиот процес на изработка на колекцијата. Сакавме да покажеме дека комплексноста, секогаш може да се сведе на естетска едноставност која се консумира со задоволство“ – изјави Тошева.
Колекцијата е достапна за продажба во ателјето на дизајнерката, како и онлајн на www.irinatosheva.com и www.bastetnoir.com. Изработката на колекцијата е овозможена од MK3D Printing, а поддржана од Министерството за култура на РМ. Беше претставена на Модниот викенд во Скопје и Prishtina Fashion Nights во Приштина.

Фотографиите може да ги превземете од следниов линк, со обврска за јасна назнака на тимот поради авторски права.

За повеќе информации користете ги следните контакти и извори:

Тел: 077 515 352
e-mail: irinatosheva@gmail.com
https://www.facebook.com/tosheva.fashion