Скопје, 17.12.2014 – Во скопскиот Планетариум дизајнерките Нина Симовска и Ирина Тошева го промовираа

мултимедијалниот концептуален проект Мерсиер 45. Избрана публика од 160 гости беа дел од невообичаена презентација. Проектот е составен од капсулна модна колекција, видео и моден едиторијал што од различен аспект ја обработуваа естетиката на светлината како извор на постоење. Месиер 45 е ѕвездено јато составено од седум ѕвезди, сестри кои според митологијата се ќерките на титанот Атлас- носачот на небото. Тука ја наоѓаат својата инспирација Симовска и Тошева креирајќи 7 изгледи изработени во луксузни материјали со доработка со вез од монистра и специјално сечење на материјалите. Во оваа колекција тие прават пресликување на обоената светлина што е над нас.

Наместо да објаснуваме, сакавме публиката да ја види и доживее нашата инспирација. Затоа сме во Планетариум “ изјави Нина Симовска, на што се надоврза Ирина Тошева: „Сакаме оние што ќе ги носат креациите да се чувствуваат токму како ѕвездите што нѝ дадоа инспирација“

По презентацијата во планетариумот публиката имаше можност да го види и модното видео режирано од Ана Јакимска со музика на Ненад Стефаноски/Foolish Green. Кинематографија  Александар Ристески, монтажа Бранко Костески. Видеото се надоврзува на Месиер 45 обработувајќи го од аспект на митот за создавањето од темнина и женската енергија на вода.  Фото-едиторијалот на Миладин Паповиќ ја отсликува токму бојата и моќта на уникатните модни парчиња носени од Ивана Гелева, Ана Ежова и Сара Миленковска. Изгледот на моделите е надополнет од исклучително креативниот дизајн за шминка на Виктор Мирчевски и на коса од Студио Алур.

Поддржувачи на проектот се: Nescafe Dolce Gusto, Алба, mодна агенција Podium и Виктор Мирчевски, а медиумските покровители pixel.mk и divianarts.com.