На курсот за моден дизајн со Ирина Тошева научете да ги дефинирате своите идеи и да ги донесете во реализација.

Времетраење на курсот: 5 работни седмици + презентација на изработените модели ,часовите се одржуваат два пати седмично за време на викенд и секој трае по 3 и 4 работни саати.
старт: 12ти февруари

Програма на курсот:

• Прв час – запознавање со програмата и учесниците на курсот. Прошетка низ модната историја. Учење на препознатливи стилови и елементи од секоја декада. Враќањето на модата. Следење и распознавање на сегашни и идни трендови. Домашна задача: истражување на одредена декада и распознавање тренд.( 3 раб.саати)

Втор час – презентација на домашната работа. Изработка на колекција. Чекор по чекор. Набљудување, истражување, инспирација, трендови. Изработка на mood board. (Домашна задача)( 3 раб.саати)

Трет час– презентација на домашната работа. Модна илустрација и векторски цртеж. Пренесување на идејата на хартија.  Домашна задача: колекција. ( 3 раб.саати)

Четврти час – презентација на домашната работа. Изработка нa базичните кроеви за маица и здолниште. Чекор по чекор. ( 4 раб.саати)

Петти час – Видови модификации на базичните кроеви. Изработка на крој на едно одбрано парче од колекцијата. (4 раб.саати)

Шести час –Видови материјали и нивни карактеристики. Запознавање со машината за шиење. Шиење и видови доработки. (вез/монистра итн). Гостин соговорник. ( 3 раб.саати)

Седми час – Шиење на едно одбрано парче од колекцијата.( 4 раб.саати)

Осми час – Важноста на модните додатоци за еден совршен изглед. Гостин соговорник. Изработка на моден додаток. ( 3 раб.саати)

Девети час– Модна презентација и маркетинг. Од промоција до продажба. Како до успешна маркетинг кампања? Употребата на социјалните медиуми. Работа во групи и изработка на план за кампања.( 3 раб.саати)

Десети час-презентација на сработеното на секој учесник на курсот. Како од идеја до модна писта? ( 3 раб.саати) Завршна фотосесија и доделување на сертификати.

 

Повеќе инфо на телефонскиот број: 078 248 252