Скопје, 10.04.2014 -Македонската модна дизајнерка Ирина Тошева ја претстави новата колекција за пролет/ лето ‘14 година преку фото сторија објавена на 11.04.2014 година.

Фотографиите се на Фросина Илиевска, шминката на Виктор Мирчевски, фризура на Studio Allure, модели се Елена Гугоска, Кјара Гоља, Ана Ежова, Марко Аврамоски, постпродукција на Кристина Манчева и Фросина Илиевска.

Колекцијата Cloud 9 беше претставена со ревија во рамки на Fashion Weekend Skopje. Следното ревиско претставување ќе биде во Виена во рамки на „Balkan Fashion Emotions Days“ во април 2014. Колекцијата е достапна на меѓународниот пазар преку првата македонската интернет продавницата за еко мода bastetnoir.com од каде потврдуваат дека македонската мода создава соодветни производи за извоз.

Изразот „ Cloud 9 “претставува дефинирање на еуфоричното чувство на лебдење во воздух во моменти на среќа. „Колекцијата нè води на прошетка во еден подзаборавен орман. Бев инспирирана од избледените семејни фотографии преку коишто ги запознав своите родители во нивната младост“ – изјави Ирина Тошева.

Колекцијата е составена од 14 изгледи за жени и мажи. Во духот на носталгијата за 70тите застапени се графички принтови на памучни ткаенини во жолта, сина, зелена и розова боја.

Облечете се во ритамот и боите на природата и дозволете им на вашите сетила да го прифатат предизвикот. Ова е пораката на креативниот тим на фото сторијата на колекцијата што привлекува внимание и надвор од нашите граници.